ВАР-момент за анализа: Имаше ли пенал во последниот напад за Вардар? (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер по голема драма го победи Вардар 1961 и го освои Суперкупот на Македонија (28-27), а црвено-црните имаа замерки за последната одлука на младите судии Начевски и Божиновски.

Во последниот напад се бараше прекршок на правилата на центар од Манасков врз Талески. Се прегледуваше ситуацијата и со ВАР, но Начевски и Божиновски останаа на ставот дека нема елементи за прекршок на центарот кој ќе донесеше најстрога казна.

Овој момент е момент за анализа, а при нервозата црвен картон доби и тренерот на вардарци, Иван Чупиќ.