ВИДЕО: Ване од Флензбург го преслика ремек-делото на Лазаров од СП 2009!

Екипата на Флензбург на домашен терен славеше над Мешков Брест и обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите, а најубавиот гол на натпреварот е во сопственост на Хампус Ване.

Шведското лево крило тргна во контра, излезе еден на еден со голманот и атрактивно го измами. Шутна додека трчаше, а публиката го поздрави неговиот погодок со аплауз.

  • Погодокот на Ване против Мешков Брест

Интересно е што голот на Швеѓанецот е копија на еден од погодоците на Кирил Лазаров. Македонецот постигна идентичен гол на Мундијалот во 2009 година, на мечот против Русија.

  • Погодокот на Лазаров против Русија

Флензбург во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе игра против Дејан Манасков и Веспрем. Првите четвртфиналиња ќе се играат од 24 до 28 април, додека реваншите се од 1 до 5 мај.