• Горан Упале
Новиот стратег на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, смета дека неговите избраници се подготвени за големиот предизвик кој е пред нив и четвртфиналниот дуел со Мешков Брест во СЕХА лигата.
Данскиот страгет е свесен за квалитетите на белорускиот шампион, но верува во историски пласман на битолчани на завршниот турнир во Задар.
„По подготовките спремни сме за официјалните натпревари. Работевме многу овој месец, одигравме контролни натпревари, а целта ни беше натпреварот против Мешков Брест. Ќе играме против искусен тим, со многу вакви натпревари и ние го почитуваме. Подготвени сме за овој предизвик, се надевам дека ќе победиме и ќе играме Ф4 турнирот во Задар“, рече Валтер.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра вечерва, со почеток од 20:15 часот.