Валтер: Со две исклучувања во ист момент не можеш да преживееш со Нексе

Еурофарм Пелистер има два порази на два меча во СЕХА-лигата. По гостувањето кај Војводина, македонскиот вицепрвак загуби и кај Нексе (25-29), податок кој сигурно не го радува тренерот Ларс Валтер.

Предводникот на „зелените“ по мечот во Нашице кажа дека клучниот момент бил кога Еурофарм Пелистер добил две исклучувања.

„Најпрво, сакам да му честитам на домашниот тим за победата и добриот меч. Видливо е дека ние имаме проблеми со повреди. Клучниот момент беше кога добивме две исклучувања. А едноставно не можеш да преживееш така против одличен тим како Нексе. Среќен сум што се враќавме во мечот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, а потоа следат два дена одмор кои ќе ги искористиме за анализа пред мечот во Данска“, изјави Валтер.

По средбата во име на Еурофарм Пелистер од играчите краток беше Марио Танкоски.

„Ова беше заслужен триумф на Нексе. Ние ќе го дадеме најдоброто за да продолжиме напред  и да научиме што е можно повеќе од овој пораз“, изјави Танкоски.

Битолчани во месец март ги чекаат две средби во СЕХА-лигата на домашен терен, против истите ривали - Војводина и Нексе, по кои ќе биде познат конечниот пласман на Еурофарм Пелистер пред разигрувањето.