Валтер: Покажавме карактер и ја израдувавме битолската публика!

Премиерата во новата сезона ракометарите на Еурофарм Пелистер беше и повеќе од успешна, бидејќи славеа со Мешков Брест во четвртфиналето на СЕХА лигата. Битолчани ја израдуваа публиката во „Боро Чурлевски“ по пеналите, со што закажаа полуфинале со Веспрем.

На средбата со новинарите по натпреварот, тренерот Ларс Валтер ги изнесе своите ставови. 

„Сакам да им честитам на моите момци за победата. Бевме одлични во одбраната, одигравме многу лошо во напад, но на крај постигнавме еден гол повеќе од противникот и заслуживме да победиме. Ние сме слична екипа како и Мешков Брест, тим во конструкција и не може да биде идеално на почеток на сезона. Сепак, покажавме карактер и ги израдувавме нашите навивачи“, изјави Валтер.

Пелистерци утре имаат слободен ден, а потоа ќе започнат да ја подготвуваат новата сезона во сите натпреварувања.