Валах: Монпелје беше подобар од нас во двомечот и заслужено е на Ф4

Вардарци не успеаја да ја анулираат негативата од првиот меч со Монпелје, па со победа од 27-24 се простија од Европската лига на ЕХФ. Еден од хероите на Вардар беше голманот Милош Валах, а по елиминацијата се обрати на средбата со новинарите.

„Беа подобри од нас во овој двомеч и заслужено се на Ф4. Имавме добар резултат во вечерва и знаевме дека мораме да одиграме перфектно, но тоа не беше доволно. Им се заблагодарувам на мојот тим и на оваа прекрасна публика“, изјави Валах.

Полскиот голман на Вардар блесна и во реваншот со Монпелје. Валах натпреварот против Французите го заврши со 18 интервенции.