• Зоран Мишевски
![](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2019/08/02/vajder-fjuri2.png?itok=IbJekKA_)
Дионтеј Вајлдер јавно најави дека ќе го нокаутира Тајсон Фјури на брз и спектакуларен начин во реванч мечот најавен на почетокот на 2020 година. Првата борба заврши нерешено, беше исклучително драматичен дуел и ниту еден од боксерите целосно не доминираше.
„Прво ме чека Ортиз, но откако ќе го смачкам, ќе се погрижам за старецот Фјури. Сакам да го нокаутирам брзо и спектакуларно. Моето време ќе дојде, јас ќе бидам апсолутен шампион“, саомоуверен е Вајлдер.
Вајлдер ќе се бори против Кубанецот Луис Ортиз до крајот ја годината, а за следната најави борби со двајцата Британци, Фјури и Џошуа.
33-годишниот Вајлдер е непоразен, само Фјури му одолеал во рингот, а 40 победи од вкупно 42 борби извојувал со нокаут.