Вајлд-картите за СП 2027 завршија во рацете на „аутсајдерите“!

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги соопшти добитниците на двете специјални покани за претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Германија.

Иако во јавноста се очекуваше вајлд-картите да завршат кај некоја од европските селекции како Унгарија, Австрија или Швајцарија, ИХФ донесе поинаква одлука. Последните две места на Мундијалот им беа доделени на „аутсајдерите“ кога се гледаше шансите да се добие вајлд-карта, тоа се репрезентациите на Турција и Саудиска Арабија.

Одлуката предизвика изненадување кај ракометната јавност, особено ако се земе предвид конкуренцијата од европските репрезентации кои исто така аплицираа за учество на светскиот шампионат.

Со тоа е комплетиран списокот на учесници на Светското првенство, а вниманието сега е насочено кон ждрепката за групната фаза. Извлекувањето на групите ќе се одржи утре во Минхен со почеток во 17:00 часот, кога сите селекции ќе ги дознаат своите противници на Мундијалот.

Македонската репрезентација ќе ја дочека ждрепката од вториот шешир.