Во вторник вардарци ја имаат првата меч топка – победа против Еурофарм носи титула

Со четири натпревари во осум дена ракометарите на Вардар ќе се загреваат за завршниот турнир во Лигата на шампионите. Вчера се сретнаа и го совладаа Бутел на гостински терен, а денес ќе му гостуваат на Пелистер, а вардарци дознаа дека за бодови ќе играат и в сабота и в понеделник.

Имено, на 19 мај е закажан домашниот дуел со Бутел, а два дена подоцна на 21 мај во Скопје ќе го пречекаат битолски Еурофарм Работник. Ако работите одат по планот, вардарци в понеделник со победа над Еурофарм и математички ќе слават титула во Суперлигата.

Во случај да не победат одлуката ќе биде пролонгирана за последното коло и натпреварот против Металург во Автокоманда.

Вардар на Парондо нема да може да го повтори успехот на екипа водена од Раул која пред две сезони ги освои сите пет достапни титули на домашната и меѓународната сцена.