В петок закажана ждрепка за ракометните шампионати на Македонија

В петок напладне во просториите на Хотел Контнентал ќе се роди новиот шампионат на Суперлигата во машка и Женската лига. Ќе бидат извлечени стартните броеви и со тоа ќе биде официјализиран календарот за натпреварувачката сезона 2019/20.

По подолго време Металург ќе се натпреварува од почеток на сезоната, а македонските претставници во СЕХА лигата, Вардар и Еурофарм Работник ќе се приклучат во плеј-офот. Нови членови на елитната категорија се Работнички и Металург 2.

Женската лига пак ќе брои десет екипи, титулата ќе ја брани ЖРК Металург, а опасно се заканува победникот на Купот, ЖРК Куманово дека ќе му ја одземе.

Натпреварите од националниот Куп започнуваат во пролетните месеци 2020 година. Исто така, ќе бидат дефинирани и термините за почеток на сезоната во домашните натпреварувања.