• Мартин Танасковски

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 се соочува со голем хендикеп, бидејќи српскиот ракометар Дарко Ѓукиќ заработи повреда која ќе го оддалечи долго време од терените и за него сезоната е готова.
Крилото кое има 27 години доживеа незгоден пад на натпреварот во македонската лига против Прилеп. При еден напад на десната бековска позиција, Ѓукиќ го повреди коленото и беше изнесен од теренот на раце од соиграчите.
>>> Нов удар за Вардар: Ѓукиќ се повреди, соиграчите на раце го изнесоа од терен (ВИДЕО)
Се чекаше неколку дена да се спушти отокот на коленото пред да се направат детални лекарски прегледи кои го покажаа најлошото. Дарко Ѓукиќ има повреда на предните вкрстени лигаменти, што значи ќе биде во аут најмалку осум месеци. Македонскиот првак кој има амбиции да ја одбрани двојната круна ќе мора да бара алтернатива.
Дарко Ѓукиќ оваа сезона играше двонасочно во Вардар. Покрај тоа што беше десно крило, тој заедно со Куни Моралес ги извршуваше и обврските како десен бек, имаше добри реакции во одбраната. Десни крила на вардарци остануваат Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски.
Повредата на Ѓукиќ е лоша вест и за Србија и за селекторот Тони Џирона. Крилниот играч нема да игра во квалификациите за ЕП 2024, а ќе го пропушти и Светското првенство кое се игра на почетокот на 2023 година.