Утешното трето место за Мешков Брест, Нексе вторпат нерамноправен

Gol.mk на SEHA Final 4

Мешков Брест ја зграпчи утешната награда и го освои третото место на осмиот Ф4 на СЕХА лигата. Во малото финале во Брест, домашната екипа беше подобра од Нексе Нашице и извојува победа од 19-24. 

Белорусите цврсто го отворија натпреварот и поведоа со 2-7. Во половина полувреме Нексе постигна само два гола, што беше јасен сигнал за криза и тајм-аут на Хрвоје Хорват. Полека „громовите“ се созедоа и намалија на -3, но Баранау со пет гола до одморот ги одлепи домаќините до 8-12.

Нексе Нашице подобро го започна вториот дел и намали на 12-15, благодарение на Томиќ и Јагањац. Сепак, цврстата белоруска одбрана, головите на Ивиќ и Одбрановиќ брзо ги вратија работите на свое место и Мешков Брест се одлепи на +6. Хрватите не успеаја да стигнат и мечот заврши со рутински 19-24. 

Најефикасни поединци на натпреварот беа Баранау со пет и Обрановиќ со четири погодоци кај Мешков Брест, а во таборот на Нексе Нашице тоа беа Шипиќ и Јагањац со по пет гола.

Големото финале меѓу Вардар и ППД Загреб се игра вечерва од 19:00 часот. 

  • Извештај од натпреварот:

  • Потег на натпреварот: