Успехот си го направи своето, Пастор продолжува со ПИК Сегед до 2023 година

Шпанскиот стратег Хуан Карлос Пастор ја продолжи соработката со екипата на овогодишниот унгарски шампион ПИК Сегед.

Клубот потврди дека 53-годишникот и неговите помошници ќе продолжат со својата работа до 2023 година.

Пастор го водеше тимот кон голем успех на крајот од тековната сезона. Во финалето против Веспрем, ПИК Сегед успеа да слави и да се израдува на четвртата титула во својата историја.

Шпанецот е најуспешниот тренер на сите времиња во ПИК Сегед. Со него екипата освои две шампионски титули во Унгарија, еден трофеј во Купот на Унгарија и една победа во Купот на ЕХФ.