Условите не се сјајни: За тренинг Македонија се возеше четири часа, во хотелот се шетаат и други гости

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го има своето деби на Светското првенство во Египет, а спортските услови во Каиро не се баш сјајни за нашите ракометари. 

Според информациите кои доаѓаат од Египет, во хотелот каде што е сместена нашата делегација престојуваат и други гости, што значи дека претпазливоста за евентуална непосакувана зараза со ковид-19 треба да биде да уште поголемо ниво, а големи проблеми имаме и со превозот. 

Утринава, нашите репрезентативци го одржаа првиот тренинг на египетско тло. Истиот траел нешто помалку од еден час, а во автобус беа загубени дури четири часа. 

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска се игра вечерва со почеток од 20:30 часот, а ќе биде втор од првото коло во групата Г, откако синоќа домаќинот славеше убедливо против Чиле.