Уште едно вардарово заминување: Милосављев потпиша за Фуксе Берлин 

По само една сезона на голот на Вардар, Дејан Милосављев ги напушта редовите на „црвено-црните“, откако денес и официјално стави потпис на договор со германскиот гигант Фуксе Берлин

Српскиот чувар на мрежата зад себе остави фантастична сезона, а големата криза во редовите на Вардар ја искористи освојувачот на ЕХФ Купот, кој ја доби битката со конкуренцијата и го договори Милосављев до 2024 година. 

„Кога станува збор за голманите, Милосављев е еден најголемите таленти. Иако е млад, брани извонредно и среќни сме што успеавме да го договориме“, велат од редовите на германскиот тим. 

Ниту Милосављев не го криеше задоволството, напоменувајќи дека неговиот детски сон е исполнeт. 

„Како дете сонував да игра во Бундеслигата, а со овој трансфер тој сон стана реалност“, рече Србинот. 

Преминот на 23-годишниот голман од Вардар во Фуксе Берлин доаѓа на само два дена од неговиот прв настап на еден Ф4 нс Лигата на шампионите. Неговиот Вардар в сабота против Барселона ќе се бори за пласман во финалето на завршницата во Келн.