Уште едно продолжување во Париз, Феран Соле доби уште една година договор

Францускиот ракометен шампион и најбогат клуб во Европа, Пари Сен Жермен најави продолжување на договорот со шпанскиот репрезентативец Феран Соле. Искусното десно крило ќе остане уште една година во дресот на најбогатиот клуб во светот, поточно до летото 2024 година.

Соле во „градот на светлината“ пристигна летото 2020 година од француски Тулуз, каде играше од 2016 година, кога ја започна својата меѓународна кариера, заминувајќи од Грањољерс.

31-годишното десно крило со националниот тим освои шест медали од 2018 година, вклучително и бронзата на СП 2023. Пред Соле,

ПСЖ ги продолжи договорите со тренерот Раул Гонзалез и најголемото име Никола Карабатиќ.