• Мартин Танасковски

Вардар го чекаат промени. Иван Чупиќ ќе биде нов тренер, а од хрватскиот интернет портал Нет.хр најавуваат можно враќање на уште една легенда во клубот од шампионските денови - Игор Карачиќ.
Како што објавивме претходно, Чупиќ ќе го преземе раководењето со клубот откако претходно беше помошник тренер во Загреб, а потоа успешно го водеше Метковиќ до опстанок во Премиер лигата на Хрватска. Легендарното крило кој даде гол за европска титула доаѓа на местото на Гиљермо Милано од Аргентина.
Но, интересно е што порај него, со Вардар се поврзува и друго легендарно име – Игор Карачиќ како спортски директор. Средниот бек последната сезона ја мина во Киелце, а најдобрите моменти во кариерата ги имаше токму во Вардар со кого освои два трофеја во ЛШ.
Дел од тимот и понатаму ќе остане Стојанче Стоилов како дел од стручниот штаб.