Уште една повреда пред СП, Норвешка остана без Гулеруд

Гулеруд

Екипата на Магдебург ги извести фановите дека Магнус Гулеруд замина на операција на долниот дел од грбот.

Оперативниот зафат бил успешен, а 29-годишникот се очекува да се врати на терените по репрезентативната пауза за Светското првенство во јануари.

Ова се ужасни вести за репрезентацијата на Норвешка. Екипата на Кристијан Берге ќе атакува на висок пласман без 193-сантиметри високиот кружен напаѓач, кој е стандарден репрезентативец од 2010 година.

Бундеслигашот ќе биде без Гулеруд во преостанатите пет натпревари од есенскиот дел од сезоната во домашното првенство.