• Иван Димовски

Женскиот ракометен клуб Чаир се пофали со ново засилување и тоа втора Парагвајка.
По Сабрина Фиоре, во редовите на скопскиот тим пристигна и Никол Орабалис. Станува збор за десно крило, а доаѓа од редовите на Нуева Естреља. Орабалис се очекува да биде сигурна опција бидејќи важи за ракометарка со висок процент на реализација на крило и во контри.
Пред двете ракометарки од Парагвај, во редовите на Чаир пристигнаа Марија Николовска, Мила Трајковиќ, Ема Кирова и Изабела Фереира.
