Уште еден Веспрем ќе добие шанса да игра во унгарската елита

Веспрем

Унгарската ракометна федерација ги потврди имињата на екипите кои ќе учествуваат во наредната сезона 2021/22.

Откажувањето поради финансиски проблеми на Вац го искористи екипата на Веспрем Фелшорс, која ќе добие историска шанса да се натпреварува во елитата на својата земја.

Клубот доаѓа од мало место со 1.600 жители, а просекот на ракометарите изнесува 21 година. Пред прекинот поради пандемијата, второлигашот имаше шест бода предност пред конурентите и чекореше кон пласман во повисок ранг.

Сопственик на екипата е легендарниот унгарски ракометар Јозеф Елеш, кој пред неколку месеци беше разочаран од начинот на кој што беше завршена сезоната.

Форматот на унгарското првенство останува ист, а сезоната се очекува да започне на 6 септември. Ждрепката за натпреварите е закажана за 19 јуни со почеток од 10:00 часот во просториите на федерацијата.