• Мартин Танасковски
Српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара од следната сезона ќе настапува во Бундеслигата, откако постигнал договор со Балиген, пренесува „Mozzart Sport“.
Клубот од германската покраина Баден-Виртемберг оваа сезона успеа да избори враќање во елитното друштво, откако го освои второто место во Втората Бундеслига зад Битигхајм во чии редови брани македонскиот голман Мартин Томовски.
Владимир Цупара во Германија пристигнува по успешниот период во Динамо Букурешт, каде неодамна се прости со тројна круна, шампионска титула, Куп и Суперкуп на Романија.
Во текот на престојот во романскиот гигант, српскиот голман освои вкупно девет трофеи, а зад себе има и богата интернационална кариера настапувајќи за Веспрем, Кјелце и Адемар Леон.
Во Србија, Цупара се афирмираше во Црвена звезда, а првите ракометни чекори ги направи во школата на Вождовац.
Искусниот голман, роден 1994 година, веќе долго време е стандарден член на Србија, каде формира голмански тандем со Дејан Милосављев.
