Уште еден Србин доаѓа во Белорусија, Сретеновиќ потпиша за Мешков Брест

По Лазар Кукиќ, кој треба да биде замена за Сташ Скубе, уште еден репрезентативец на Србија потпиша договор со Мешков Брест. Стеван Сретеновиќ веднаш ќе заигра за белорускиот шампион, откако клубот од Белорусија го официјализираше трансферот со важност до крајот на сезоната.

26-годишниот лев бек доаѓа во Брест од романскиот клуб Бакау, каде играше од 2020 година. Сретеновиќ претходно играше за Партизан, Железничар, Војводина и француски Ним. За репрезентацијата на Србија одигра 31 натпревар и постигна 77 гола.

По најуспешната сезона во историјата на клубот, Мешков Брест е во проблеми на почетокот на новата натпреварувачка сезона. На завршниот „фајнал -фор“ во СЕХА лигата заврши на четвртото место, а во првите три натпревари од Лигата на шампионите не успеа да освои ниту еден бод.