Уште еден потпис за иднината на Еурофарм Пелистер, Давид Брестовац доаѓа во Битола!

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го претстави првото засилување во новата година и донесе младински репрезентативец. Нов член на „зелено-белите“ од Битола е младиот голман Давид Брестовац, инаку син на македонската легенда и поранешен селектор Данило Брестовац. 

Давид со Еурофарм Пелистер потпиша договор на две ипол години и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

„Процесот на доведување млади македонските ракометари во нашите редови продолжува. Давид Брестовац е нов член на Еурофарм Пелистер и се обрвза на две ипол годишен договор со нашиот клуб. Се работи за 20-годишен голман, кој доаѓа од ракометно семејство, и веќе има меѓународно искуство. Бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург, Брестовац стекна драгоцени минути во нозете. Тој се наметна и носејќи го дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања“, се вели во објавата на македонскиот шампион. 

Официјалното претставување е предвидено деновиве, по пристигнувањето на Брестовац во Битола.