Уште еден потпис во Автокоманда, Коловска останува во Металург

ЖРК Металург Автокоманда продолжи со обновување на договорите и на својата пивотменска позиција ја задржа Александра Коловска.

Македонската репрезентативка и следната сезона ќе го носи „синиот“ дрес во кој настапуваше и лани. Коловска е исклучителен пикер, репрезентативка и голем борец и е од огромно значење за екипата.

ЖРК Металург Автокоманда за новата сезона веќе ги промовира Ана Марија Коларовска, Петра Јершек, Анастасија Николовска, Ива Божиновска и Сара Ристовска.

Нови договори претходно потпишаа Марија Гугуљанова, Марија Јанкуловска, Софија Гошевска. Јана Ѓошевска и Мина Ѓурчевска.