Уште еден македонски ракометен талент потпиша за Бутел!

Раководството на македонскиот суперлигаш, Бутел Скопје, го договори ангажманот на организаторот на играта, Леонид Киселовски.

Киселовски има 21 година и доаѓа од тимот на Скопје, каде што настапуваше последните четири сезони. Кариерата ја започна во тимот на Аеродром, а беше дел и од младинските категории на Пролет и Вардар 1961.

„Ме привлече ростерот со млади перспективни играчи и систем на работа кој се залага за нивен напредок. Амбициозен клуб кој има високи цели како излез во Европа и осигурување на едно од првите пет места“, рече Киселовски.

Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со кружните напаѓачи Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски, Хусеин Валид Кадах и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.