Уште десет федерации ќе ѝ бидат „ривали“ на Македонија за шампионатот во 2034!

Уште десет држави изразија желба и подготвеност да бидат организатори и домаќини на Европското машко ракометно првенство, кое треба да се одржи во 2034 година. 

Меѓу земјите-кандидати е и Македонија, која поднесе кандидатура заедно со Србија и Словенија, а веќе има и искуство од организацијата на Европското првенство за жени, кое се одржа во Скопје во 2008 година и во 2022 година заедно со други земји.

Покрај нашата земја, подготвеност за домаќинство на континенталниот собир изразиле уште Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Србија, Словенија, Шведска, Турција. 

Доколку ЕХФ одлучи да ја додели организацијата на нашата кандидатура, тоа може да значи дека Македонија, Србија и Словенија ќе бидат домаќини на вистински ракометен спектакл, кој ќе ги собере најголемите ѕвезди на едно место. 

Во 2008 година се покажавме како повеќе од добри домаќини на Европското првенство за жени, а зошто тоа да не биде така и за осум години.