• Зоран Мишевски
Со победа на Ал-Ахли од Египет заврши најновото издание на ТВ-турнирот на шампионот во Добој. Со две победи и еден пораз Еурофарм Пелистер го заврши настапот во групната фаза, но „дамка“ на настапот на битолчани фрли убедливиот пораз од Загреб во последниот ден на турнирот.
Сепак, пелистерци имаат свој претставник во идеалниот тим на турнирот.
Голман: Мартон Секељи (Татабања)
Лево крило: Тимур Дибиров (Загреб)
Лев бек: Звонимир Срна (Загреб)
Среден бек: Ахмед Каири (Ал-Ахли)
Десен бек: Усама Хосни (Еурофарм Пелистер)
Десно крило: Омар Калед (Ал-Ахли)
Кружен напаѓач: Ахмед Адел (Ал-Ахли)
Новата сезона во Македонија почнува утре со Суперкупот во Гевгелија меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид.