Урош Зорман го напушта Киелце, ќе чека понуда за тренерско деби

Еден од најдобрите словенечки ракометари во последната деценија, Урош Зорман, по долги години си заминува од редовите на Киелце.

Тој две години беше помошник на кормиларот на полскиот шампион, Талант Душебаев, а од оваа година е и асистент на селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш. Зорман одигра 225 натпревари за националниот тим и е рекорден во Словенија по бројот на настапи за селекцијата. На клупската сцена настапуваше за Слован, Пруле 67, Целје Пивоварна Лашко, Адемар Леон, Сиудад Реал и Киелце и освои сè што може да се освои. 

По завршувањето на својата кариера беше помошник на Душебаев, но по две години се реши за нов предизвик и сега ќе чека примамлива понуда и за првпат да застане на чело на еден клуб. 

Ланското лето беше поврзуван со премин во редовите на Вардар, но европскиот шампион на крај довербата му ја даде на Шпанецот, Писонеро, кој имаше неславна ера и заработи отказ по само неколку месеци.