Урош Митровиќ ќе им се приклучи на Хориха и Кузмановски на Азискиот шампионат

И десниот бек на Вардар 1961, Урош Митровиќ, замина на печалба на Блискиот исток каде ќе настапува како позајмен играч во редовите на Ал-Наџма од Бахреин.

Српскиот репрезентативец привремено го напушта македонскиот шампион со цел да му помогне на бахреинскиот тим во настапот на престижниот азиски турнир, каде главната цел е освојување на титулата и обезбедување директен пласман на Светското клупско првенство.

Ждрепката сакаше Митровиќ и неговиот нов тим да се најдат во исклучително силната група Б, каде ќе ги одмерат силите со екипите на Ал-Араби од Катар, Ал-Кувајт од Кувајт и Ал-Калиџ од Саудиска Арабија.

Вакви позајмици во овој период не се новост, бидејќи претходно на сличен чекор се одлучија и македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, како и Украинецот Дмитро Хорига, кои исто така ќе настапат на азиската сцена.