УРНЕБЕСНО: СЕХА се пошегува со успехот на Вардар, Столе во главна улога

Македонскиот шампион Вардар ги освои симпатиите на ракометниот свет со феноменалниот завршен турнир во Келн.

Ракометарите на Роберто Гарсија Парондо покажаа карактер, оставија срце на терен и што е најважно докажаа дека клубот и мотивацијата се независни од парите.

Додека се чекаат хероите да пристигнат во Скопје, на социјалните мрежи може да се забележат огромен број на честитки и посвети на успехот на новиот европски првак. 

Една од најдосетливите и која сигурно ќе ве насмее е онаа од официјалниот Инстаграм профил на СЕХА регионалната лига. Во главна улога е капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов, а под фотографијата стои натпис:

„Кога не ти се верува што направивте ти и твоите другари за време на викендот“.

Најнови вести од
Лига на шампиони