Унгарската сензација го напушта Ферецварош за големиот Кил

Неколку добри игри нa Европското првенство во дресот на унгарската репрезентација беа доволни Европа да се заинтересира за него, а потврда за тоа тврдење дојде о германски Кил.

Нов член на „зебрите“ е Бенце Имре, 21-годишното десно крило на унгарската репрезентација и Ференцварош.

„Бенце е еден од најталентираните играчи на таа позиција“, изјави директорот на Кил, Виктор Силаџи.

Имре ќе биде замена за Екберг и Ерига, кои на лето го напуштаат клубо,т заедно со Лукас Зербе. Младиот Унгарец потпиша двегодишен договор со четирикратниот освојувач на Лигата на шампионите.