Екипата на Веспрем ја прекина доминацијата на ПИК Сегед и пак е шампион на Унгарија. Во „мајсторката“ од финалната серија во домашниот шампионат, Веспрем извојува голема победа на гости кај лутиот ривал (27-31) и така титулата од унгарскиот шампионат по две години си замина од Сегедин. Веспрем последен пат беше шампион во сезоната 2018/19, а по корона-паузата во следните две сезони најдобар унгарски клуб беше ПИК Сегед.
Ракометарите на ПИК Сегед поведоа во финалната серија на унгарското првенство против Веспрем, откако славеа со 31-25 (15-11). Во серијата подобар од три натпревари, избраниците на Хуан Карлос Пастор веќе се на чекор до титулата.
По четири години минати во ПИК Сегед, српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ реши да го напушти овој клуб. Брилијантното десно крило мина одлични сезони во унгарскиот тим, освојувајќи ја титулата национален шампион како и Куп-победник, но одлучи дека е време за нови предизвици.
Македонското репрезентативно крило, Дејан Манасков го одигра последниот натпревар во дресот на Веспрем, а неговата екипа извиси за уште една титула во унгарското првенство на сметка на ПИК Сегед.