Унгарија се разигра и лесно дојде до триумф над Тунис

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Унгарија ја забележа првата победа во втората фаза на Светското првенство (СП) во Германија и Данска и во дуелот со Тунис успеа да слави сигурно (26-22).

Унгарците важеа за апсолутни фаворити, а тоа го покажаа на терен. Се разиграа кога беше најпотребно, па запишаа посакувани бодови. Тунижаните парираа само во воведните 15 минути од мечот, кога беше 7-7, а се потоа, беше во знакот на Унгарија.

Водени од Балог и Лекаи, Унгарците прво се одлепија на три гола (10-7), позитива која остана и до паузата (16-14), за потоа во вториот дел да се поведе со пет гола (21-16) и практично да се реши средбата. Тунис ниту еднаш не спушти под таа разлика, а до финишот загуби со четири гола.

Најдобар кај Унгарците беше Балог со девет гола, а Лекаи заврши со седум, додека кај Тунижаните, Буганми и Санаи дадоа по пет гола. Унгарија во наредното коло игра со Норвешка, додека Тунис ќе разигрува за пласман со Египет.