Унгарија продолжи без грешка, Бразилците без одговор за феноменалниот Банхиди

Унгарија

Убедлив настап запиша Унгарија на дуелот со Бразил (29-23) на стартот од главната фаза на Мундијалот во Египет.

Одличната завршница на првиот дел беше клучна на овој натпревар. Банхиди одново доминираше на линијата од шест метри и беше човекот околу кој се вртеше играта на унгарската селекција.

Веќе по првиот дел јужноамериканската репрезентација како да се откажа. Темпото на игра на противникот ги натера Бразилците да се помират со денешниот пораз. По 30 минути имаа негатив аод 16-11, а во вториот дел беа рамноправни, но тоа не беше доволно за освојување бодови.

Унгарија го продолжи одличниот настап на Светското првенство и речиси сигурно ќе биде дел од четвртфиналната фаза. Засега стои највисоко на табелата со максимален број бодови.

Банхиди постигна пет, а Бодо, Мате и Сунајко реализираа четири пати во мрежата на ривалот. Лангардо беше единствена светла точка во бразилскиот тим.