Унгарија минимално ја совлада Русија во првиот дуел од групата Е

Ракометарите на Унгарија издржаа до крајот и славеа на воведниот дуел од групата Е против Русија со 26-25, во „Малме Арена“ во Шведска. Тие беа подобар противник и во второто полувреме ја направија клучната разлика, која малку фалеше да ја прокоцкаат. Искусниот Миклер блесна во финишот и со неколку одбрани ја спаси својата селекција. Исто така Дибиров промаши шут за израмнување на десетина секунди пред крајот и „Зборнаја“ остана без бодови. 

Натпреварот очекувано започна израмнето, а двете екипи се менуваа во водството. Првиот дел не понуди ниту една предност повисока од два голови, а во 30. минута резултатот беше 14-13 за Унгарија. 

По паузата младиот тим на Унгарците тргна многу подобро и го контролираше дуелот. Иако во неколку наврати поведоа и со по четири голови, избраниците на Кокшаров успеаа да се вратат и во последните десет минути стигнаа до израмнување. Сепак, Дибиров имаше шут за реми во последните секунди, но ја погоди стативата за неуспех на својата селекција. 

Најдобар поединец на средбата беше Балог со седум погодоци, а меѓу стативите Миклер собра осум интервенции, од кои неколку во клучни моменти во финишот. Веќе во следното коло за два дена Унгарија игра против Данска, додека Русија ќе игра со Исланд.