Унгарија ја шокира Шпанија и ја испрати на тежок четвртфинален ривал!

Ракометарките на Унгарија ја шокираа Шпанија и со победа од 29-25 (14-11) ѝ ги поматија сметките. По четири кола во групата Б на Олимписките игри, „фуријата“ заврши на третата позиција, наместо планираното второ место. Тоа значи дека во разигрувањето ќе вкрсти со Норвешка или Холандија. 

Унгарија се надмина себеси, стигна до изненадувачка прва и единствена победа на игрите, иако немаа никаков резултатки ултиматум. Унгарките одлично отворија, поведоа со 7-2 и најавија дека сакаат да се надигруваат. До паузата, Шпанија анулира дел од негативата и замина на полувреме со 14-11. 

Во продолжението, „фуријата“ даде два гола и дојде во два наврати на минус еден. Сепак, Унгарија собра сили, ја одржа предноста и со добра серија дојде до највисоките плус седум. До крајот на натпреварот изненадувањето беше комплетирано и Шпанија доживеја шокантен пораз. 

Со четири бода, Шпанија заврши како третопласирана зад Шведска и Русија, додека Унгарија собра два утешителни и остана последна. До крајот на четвртото коло на олимпискиот турнир уште играат Холандија - Норвешка.