• Иван Димовски
Ракометарките на Унгарија тргнаа со убедлива победа на Светското првенство, откако вечерва се радуваа против Камерун од 39-20 (18-8). Европскиот колектив не дозволи никакво изненадување, се наметна веднаш и немаше милост па победи со речиси двојно повеќе голови од противникот. Камерунките немаа сили за да парираат, освен воведното водство во целост натпреварот му припадна на фаворитот.
Најефикасна на натпреварот беше Клујберг која даде седум гола, а со шест заврши Шацл. Од друга страна во Камерун најдобра беше Нномо со шест, додека пет погодоци даде Атеба.
Минимална победа, која е своевидно изненадување, запиша Полска против Јапонија (32-30). Европјанките во драматична завршница и крајно неизвесен натпревар се израдуваа на триумф кој ги потврди во главната рунда. Со единаесет погодоци најдобра на паркетот беше Кобилинска.