Унгарија без двајца клучни ракометари, се повредија Бодо и Балог

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Денес стартува втората фаза на Светското првенство во ракомет, а натпревари ќе се играат во Келн и Копенхаген.

Репрезентацијата на Унгарија остана без уште еден клучен играч на бековските позиции. 

Рихард Бодо, кој игра одличен турнир, се повреди против Шведска и нема да настапи на првите два натпревари од главната групна фаза, а мали се шансите воопшто да заигра до крајот на шампионатот.

Пред три дена и Жолт Балог мораше да биде заменет поради повреда и дефинитивно нема да ја гледаме најдобрата Унгарија во последните девет дена од првенството.

Денес во рамките на главната групна фаза, Унгарија се среќава со Данска во терминот од 20:30 часот.