Унгарците не дозволија нов кикс и рутински ја надиграа Ангола

Ѕнгарија
Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Унгарија ја оствари првата победа на Светското првенство во ракомет. По ремито со Аргентина во првото коло, Унгарците беа сигурни против Ангола (34-24) и се искачија на првата позиција во групата Ц.

Унгарските репрезентативци не оставија ништо на случајноста и започнаа фуриозно. Поведоа со 9-2 и не погледнаа назад до крајот на мечот. Двоцифрената предност на полувреме беше одлична можност за селекторскиот тандем Владан Матиќ-Истван Цокнај да одмори некои од своите најдобри играчи и да ги сочува за продолжението од шампионатот. 

Вториот дел беше за нијанса поефикасен, благодарение на разиграните Анголци, кои постигнаа 16 гола, но и покрај тоа загубија со висока разлика. Бендегуз Бока не промаши и реализираше пет гола од исто толку обиди во репрезентацијата на Унгарија, а во Ангола се истакна Едвалдо Фереира, кој оствари идентичен учинок.

Утре, Унгарците ќе се соочат со Катар, а анголската селекција ќе има тешка задача против Шведска.

СП, Група Д
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШведскаШведска 5 5 0 0 151:111 40 10
2 УнгаријаУнгарија 5 2 2 1 151:138 13 6
3 ЕгипетЕгипет 5 2 1 2 132:133 -1 5
4 КатарКатар 1 5 2 0 3 125:127 -2 4
5 АргентинаАргентина 1 5 1 1 3 119:130 -11 3
6 АнголаАнгола 5 1 0 4 121:160 -39 2