Унгарците лесно ја освоија Русија, БиХ очекувано ја надигра Финска

Унгарија

Репрезентациите на БиХ и Унгарија ги оправдаа фаворитските улоги во 3. коло од групната фаза од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Унгарските репрезентативци доминантно го добија дуелот со Русија на Тимур Дибиров (26-30) и се издвоија на челот на табелата единствени со три победи од исто толку натпревари.

Гостите обезбедија +5 на паузата, а потоа само се надоврзаа со идентична игра во продолжението за да стигнат до нови бодови. 

Босанците на гостински терен ја надиграа Финска (19-25) и со четири бода се израмнија со водечките селекции Чешка и Белорусија.