ВИДЕО: Уличарски потег на ракометар на Катар, со нога намерно го удри Јанц во меѓуножјето

Ракометната селекција на Словенија имаше успешен тест пред настапот на Светското првенство и против Катар славеше со убедливи 38-30, но натпреварот го одбележа по еден инцидент што се случи во самиот финиш.

Имено, при еден напад на Катарците, Франкис Марзо беше фаулиран од одбраната на противникот, а потоа следуваше уличарски потег на гостинскиот ракометар. Мазро откако стана намерно со нога го  удри Јанц во меѓуножјето и на паркетот настана голема мешаница, во која беа инволвирани поголемиот дел од актерите на натпреварот. 

За среќа ситуацијата набрзо се смири, Марзо доби црвен картон и натпреварот продолжи.