Украинско-литванска двојка за Алкалоид во Европскиот Куп на ЕХФ

Македонскиот ракометен тим Алкалоид е единствениот кој остана да игра во еврокуповите оваа сезона, а следен предизвик е романска Баја Маре во рамки на четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.

ЕХФ ги делегира судиите за мечевите, а на првиот дуел во Романија, на Алкалоид ќе му суди двојка од Украина и Литванија. Тоа е судискиот пар Анатолиј Новков од Украина и Миндаугас Гателис од Литванија.

Делегат на натпреварот меѓу Баја Маре и Алкалоид е Кенан Гекмен од Турција. Мечот меѓу Баја Маре и Алкалоид ќе се игра во недела, 23 март, со почеток од 17:00 часот во салата „Поливалента“ во Романија.