Украински „џин“ стигна во Битола, Шевелев го засили Еурофарм

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник доведе уште едно големо засилување за сезоната 2019/20. Денес во Битола пристигна украинскиот кружен напаѓач Олександр Шевелев. 31-годишниот двометраш е стандарден украински репрезентативец, утре ќе се појави на прозивката на Алушовски во Битола и од вторник со екипата ќе замине на подготовки во Маврово. Се предвидува дека ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на соработката ако двете страни бидат задоволни од сработеното.

Шевелев е ракометар кој поникна во Портовик Јужни, една сезона настапуваше во руската Зориа, а го носеше дресот и на рускиот гигант Реновалиа Сиудад Реал. Во 2012 година потпиша за белоруски Динамо Минск, а потоа пет сезони го носеше дресот на Мотор Запорожје. Со оваа екипа настапуваше во Лигата на шампионите, а минатата сезона ја делеше соблекувалната со нашиот репрезентативец Жарко Пешевски.

Минатата сезона беше член на украинскиот Донбас, екипа со која играше во Челинџ Купот. Се работи за стандарден кружен напаѓач на украинската репрезентација и веројатно ќе биде во тимот кој ќе игра на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Шевелев е модерен кружен напаѓач кој игра во два правци, висок 202 сантиметри и тежок 115 килограми. Минатата сезона Остроушко го носеше сино-белиот дрес на Еурофарм Работник, а сега нов Украинец ќе игра во Битола.

Претходно вицешампионот ги доведе Вегар, Ратајац, Јотиќ, Митревски, Велковски и Маџовски,