Украинецот Богдан Панченко ќе го брани голот на Бутел

По десниот бек Милан Жегарац и левото крило Мирко Мајиќ, тимот на Бутел Скопје, кој е нов суперлигаш, се засили и со трет интернационалец, кој ќе треба да ја пополни голманската позиција заедно со Бојан Блажески. 

Станува збор за 32-годишниот голман Богдан Панченко (193/93), кој доаѓа од тимот на Портовик Јужњи, а претходно настапуваше за Динамо Полтава во украинското првенство и во Челинџ Купот.

Тој е трето странско, а вкупно шесто засилување за Бутел Скопје. Претходно потпишаа Јовица Младеновски, Бојан Спасовски и Златко Мојсоски, а Горан Печенковски го продолжи договорот, па тренерот Игор Котевски ќе има одличен состав на располагање.