• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Македонија е во очекување на вториот натпревар од „Жолтиот Куп“ кој се одржува во Швајцарија. Следен ривал на нашиот национален тим е европски, тоа е Украина.
Избраниците на Кирил Лазаров во првиот дуел кој се одигра пред еден ден успеаја да слават со селекцијата на Бахреин. Отворија со победа, а Украина е првиот евро-дуел на овој подготвителен турнир.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина ќе започне од 17:45 часот, а ќе можете да го гледате на СЛЕДНИОТ ЛИНК. Во вториот дуел на денот играат селекциите на Швајцарија и Бахреин.
Последниот, трет натпревар, во рамки на „Жолтиот Куп“, Македонија ќе го игра на 10 јануари против Швајцарија.



