Шок за пелистерци: Кузмановски доби син картон за удар со лакт во Суперкупот! (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе има големи проблеми во натпреварот од Суперкупот на Македонија затоа што остана без капитенот и главниот играч Филип Кузмановски.

Бекот при еден дуел со Валентин Карасманакис реагира бурно и го удри ривалот со лакт во лицето. Судиите Начевски и Николов го забележаа тоа, а иако првично се мислеше дека ќе добие само две минути, одлуката се промени.

Веднаш имаше проверка на снимката во салата во Гевгелија, па Кузмановски доби син картон за потегот во мечот за трофејот.

Најнови вести од
Суперкуп на Македонија, Македонија