• Саше Љолес
Ракометарите на Бенфика немаа големи проблеми пред своите гледачи и славеа триумф над Ференцварош со конечни 38-25 во натпреварот од второто коло во Европската лига на ЕХФ.
Португалскиот клуб имаше контрола на играта уште од самиот старт, не дозволувајќи им на Унгарците никакви надежи за евентуално изненадување. На паузата домаќинот водеше со 18-16, но во второто полувреме ја покажа својата сила и заслужено ги освои бодовите.
Најефикасен во победничкиот тим беше Микита Валиупау со седум голови, додека на спротивната страна два гола повеќе впиша Даниел Фузи.
Елверум славеше на гостувањето кај Фрам со 29-35, Мелсунген се враќа со минимален триумф кај Карлскрона (25-26), а екипата на Порто со убедливи 44-31 го надигра Криенс.




