Убедливи Фуксе Берлин и Тулуз, Монпелје го прескокна Скјерн за групна фаза во ЕЛ

Фуксе Берлин на убедлив начин го одигра реваншот и преку Гионгиоси се пласира во групната фаза во Европската лига (36-24). Бундеслигашот вторпат го надигра ривалот од Унгарија, овојпат на домашен терен, и без поголеми проблеми ја оствари зацртаната цел. Најефикасен на мечот за победникот беше Матес со пет погодоци.

Неизвесни 60 минути донесе и втората средба меѓу Монпелје и Скјерн, која заврши во полза и со среќен крај за француската екипа (33-29). Данскиот прволигаш ја искористи домашната предност и пристигна на реваншот со минимална предност, но немаше сили во завршницата истата да ја задржи.

Супер интересна завршница донесе мечот меѓу Спортинг и Доброгеа Суд. Подобрата игра во вториот дел го однесе португалскиот претставник во групите, преку минималната победа од 22-21.

Во групите на Европската лига ќе го гледаме и Тулуз кој извлече реми на гостувањето кај Турда во Романија, но затоа рутински го одбрани домашниот терен (31-27).