У21 селекцијата со два ноемвриски меча во Битола, Шведска и Полска ќе се гледаат по рекламни цени

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени одлуки за цената на влезници за претстојните репрезентативни натпревари.

Управниот одбор донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварите на репрезентацијата до 21 година на Македонија против Шведска и Полска од квалификациите за ЕП 2027. Цена на влезница изнесува 200.00 денари.

Натпреварот Македонија – Шведска од петтото коло во групата за пласман на ЕП 2027 ќе се одигра на 13 ноември, а на 18 ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола гостува репрезентацијата на Полска.