• Саше Љолес

Ракометарите на Тиквеш наидоа на силен отпор од екипата на Струга и ремизираа со 25-25 (12-11) во вториот натпревар од 21. суперлигашко коло. Домашниот состав беше спасен од голманот Огњен Остиќ, кој одбрани „цепелин“ во последната секунда и обезбеди бод за својот тим.
- Комплетниот натпревар помеѓу Струга и Тиквеш 2014:
Првото полувреме мина во знакот на неизвесна игра, ниту една екипа немаше повеќе од два гола предност, а домаќините на паузата заминаа со минимална позитива (12-11).
Стружани делуваа за нијанса подобро на стартот од вториот дел, но Тиквеш не им дозволуваше лeсно да се „одлепат“ и се одржуваше во егал-ситуација во воведните минути. Гостите првпат го презедоа водството во 40. минута и потоа беа во постојана предност од еден до два гола, па во следните десетина минути беше тешко да се претпостави каде ќе заминат бодовите.
Сепак, кавадарчани во следниот период покажаа зошто се поквалитетен тим, поведоа со +3 во 52, но Струга не се предаваше и се врати во егал на само триесет секунди до крајот (25-25). Гостите повикаа тајм-аут, го имаа последниот напад, се обидоа со цепелин да дојдат до победа, но беа запрени од голманот Остиќ.
- Одбраната на Остиќ вредна бод:
Најефикасен играч кај Тиквеш беше Мартин Манасков со осум погодоци, Кристијан Анастасовски додаде еден помалку, додека на спротивната страна седум гола впиша Филип Пајкоски. Кавадарчани со победа го потврдија учеството во плеј-офот, додека Струга се подготвува за раизгрувањето за опстанок.